Како што информира МВР, пријавениот, вработен во Јавното претпријатие „Национални шуми“- подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на тој начин што издавал испратници спротивно на Правилникот за видот и начинот на жигосување на сечата, начинот на издавање на испратница и издавал испратници без претходно издадено одобрение за сеча, со што им овозможил на граѓани да се здобијат со имотна корист.
„Со ваквите дејствија на Јавното претпријатие ‘Национални шуми’ нанел штета во вкупен износ од 506.850 денари и Буџетот во делот на ДДВ и проширена репродукција на шумите“, соопшти МВР.






