петок, 6 февруари 2026

Кривична пријава за охридски инженер, незаконски изнесувал марихуана од фабриката каде што работел

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 60 годишниот С.Л. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот, претходно, вработен како инженер – агроном во фабрика за одгледување на медицински канабис во Ново село, општина Дебрца, неовластено изнел од фабриката марихуана и ја чувал во неговото престојувалиште во Охрид со цел нејзино користење и натамошна продажба.

„При претрес во просториите, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана, по што тој е лишен од слобода“, информираа од СВР Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ