На 04.04.2025 година, полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, во угостителски објект во село Колешино, како и во објект на правно лице сопственост на В.К. При претресот биле пронајдени марихуана, 140 гранки од растението канабис, семки од канабис и дигитална вага.
Дополнително, при претресот на објектот на правното лице, во хаварисано возило била затекната Д.Т., која пакувала марихуана.






