сабота, 10 јануари 2026

Кривична пријава за неовластено држење муниција во валандовско

ОВР Валандово поднесе кривична пријава против А.А. (67) од селото Башибос, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од полицијата, на 15 август 2025 година, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот во село Башибос, при што биле пронајдени и одземени куршуми.

По целосното документирање на случајот, против лицето е поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ