„Кривична пријава е поднесена против М.Ф.(41) и А.Р. (38), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288, став 1 од кривичниот законик, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Пријавените, на 12-ти месецов во 21:30 часот, во градскиот парк во една населба во Дебар, со отфрлање на отпушок од запалена цигара, намерно предизвикале пожар и значителна опасност по животот на луѓето и имотите во населбата.
Поради предизвикување пожар претходно лишени од слобода беа жителка на село Долно Косоврасти и жител на село Рајчица, кои по чистење на нива го запалиле собраниот материјал, по што во гаснењето морала да интервенира Територијалната противпожарна едница.






