вторник, 3 јуни 2025

Кривична пријава за неготинец – одземени ловечки пушки, муниција, пиротехнички средства…

СВР Велес поднесе кривична пријава против С.Н.(50) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Објавено на

часот

Сподели

На 06.09.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и во две викенд куќи во с.Бојанчиште, при што биле пронајдени и одземени ловечки пушки,  куршуми различен калибар, патрони, иницијални каписли, сачми, чаури без иницијални каписли, рачни алати за изведба на ловечка муниција, оловни проектили, барут и пиротехнички средства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ