понеделник, 15 декември 2025

Кривична пријава за насилство во хотел во Лазарополе, скопјанец се обидел да нападне гостин со тврд предмет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 29-годишниот К.Ж. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил на 21 јуни 2025 година во село Лазарополе, општина Маврово и Ростуше. Пријавениот оштетил прозорец од еден хотел и потоа, со тврд предмет, се обидел физички да го нападне 26-годишниот С.Р., исто така од Скопје.

Случајот бил пријавен, а по документирањето на настанот, против К.Ж. е поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ