недела, 14 декември 2025

Кривична пријава за напаѓачот на адвокат во судница во Дебар

Дебарското Одделението за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Кичево поради напад врз адвокат во судница во Дебар.

Објавено на

часот

Сподели

Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид, кривична пријава е поднесена против И.Ф.(49) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Тој, на 9 овој месец во 10:38 часот, за време на рочиште во судница при Основниот суд во Дебар, физички го нападнал М.Д., адвокат од Гостивар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ