На 12 декември 2025 година, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции дале знак за запирање на возило ауди а6, кое го управувал пријавениот, но тој не застанал.
По преземање на мерки, на магистралниот пат Крива Паланка–Куманово, кај село Страцин, кратовско, полицијата го запрела возилото, при што пријавениот физички нападнал полициски службеник и му нанесол тешка телесна повреда.
Полицијата продолжува со истрага и презема мерки за целосно расчистување на случајот.






