среда, 14 мај 2025

Кривична пријава за напад на полицајци со остар предмет

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против И.Ф. (69) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, казниво по Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците од полицијата, на 7 март 2025 година, во Скопје, пријавениот со остар предмет нападнал полициски службеници додека тие извршувале службени дејствија. По инцидентот, полицијата презела соодветни мерки и го привела напаѓачот.

Кривичната пријава е доставена до надлежното Основно јавно обвинителство, каде се води понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ