петок, 4 јули 2025

Кривична пријава за мајка и баба зашто принудувале дете на питачи

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против мајка и баба поради принудување малолетно лице да питачи.

Објавено на

часот

Сподели

Кривична пријава е поднесена против Н.М.(28) од Струмица и Д.Д.(57) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете”.

„На 4 овој месец во Дебар било затекнато детето на првопријавената како питачи, на главната улица ‘Елена Ѓика’, а кое таа го дала претходно на второпријавената, нејзина мајка“, информираа од полицијата.

Појавата на питачење по улиците на Дебар е честа појава, посебно пред и за време на верски празници, како и во летниот период кога во родниот крај масовно престојуваат печалбарите. Питачи, деца и возрасни, најмногу ги има од Прилеп, Гостивар и Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ