Според пријавата, осомничените, во својство на претседател и секретар на ОФС Охрид, во текот на 2024 година во повеќе наврати внеле лажни, неточни и непотполни податоци во системот Комет на Фудбалската федерација на Македонија. Притоа, биле евидентирани натпревари кои воопшто не биле одиграни, како и лица кои наводно учествувале на истите, иако не биле регистрирани како играчи или судии.
Како што се наведува, целта на ваквото постапување била ОФС Охрид да обезбеди свои претставници во органите на Фудбалската федерација на Македонија.
Полицијата продолжува со преземање на дополнителни мерки и активности во координација со надлежното јавно обвинителство.






