понеделник, 8 декември 2025

Кривична пријава за кражба на дрва

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 47-годишниот А.С. од село Старо Балдовци, струмичко, поради сомнение за сторено кривично дело кражба.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од полицијата, на 3 јуни 2025 година, на регионалниот пат Берово–Струмица, на локација позната како „Осмиците“, полициски службеници го затекнале пријавениот како врши утовар на огревно дрво во патничко возило марка фолксваген шаран со бугарски национални ознаки.

Дрвата биле без соодветна документација и без жиг, поради што се преземени сите потребни мерки и материјалот е предаден на надлежното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ