„Одделението за внатрешни работи- Дебар поднесе кривична пријава против К.М.(23) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – тешка кражба на дрзок начин“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.
Тој, на 19 ноември забележал жена од Дебар како од банкомат во Дебар подигнала пари, по што насилно ѝ ги одзел парите и избегал.
Набрзо, К.М. бил пронајден и приведен во полициска станица.






