петок, 6 февруари 2026

Кривична пријава за кавадарчанец, се заканувал преку коментар на страницата на МВР

На кавадарчанец што се заканувал преку коментар на страницата на МВР, ќе му биде поднесена пријава, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 19:35 часот во ОВР Кавадарци, полициски службеници извршиле службен разговор со А.Х. од Кавадарци. Тој на објава на официјалната фејсбук страна на Министерството за внатрешни работи, напишал коментар со заканувачка содржина. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против А.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ