вторник, 9 декември 2025

Кривична пријава за измама вредна 11.000 евра

Секторот за внатрешни работи Тетово поднел кривична пријава против М.М. (59) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од полицијата, во текот на 2024 година пријавениот довел во заблуда две лица од Тетово, ветувајќи им дека ќе им отвори фирма во странска држава. За наводното средување на потребната документација, тој од нив наплатил вкупно 11.000 евра.

По добивањето на парите, пријавениот не ги исполнил ветувањата и не ја реализирал договорената услуга, со што се стекнал со противправна имотна корист на штета на оштетените.

Полицијата информира дека случајот е целосно документиран и кривичната пријава е поднесена до надлежното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ