недела, 13 јули 2025

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Дехари, ангажирал адвокати, а во општината има 37 правници

Според кривичната пријава, градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари противзаконски склучил повеќе договори за извршување адвокатски услуги, оштетувајќи го општинскиот буџет за околу 64.000 евра.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

СВР Охрид денеска соопшти дена ОВР Кичево поднело кривична пријава против 51 годишниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

„Лицето,  во периодот од 2017 година до 2024 година, во својство на градоначалник на Општина Кичево, свесно и со умисла, со намера да прибави значителна имотна корист за друг, а на штета на општината, противзаконски склучил повеќе договори за извршување на адвокатски услуги со адвокати од Кичево, иако во рамките на општината Кичево постои секторот за правни работи со вкупно 37 вработени, кои имаат право да ја застапуваат општината пред судовите во државата“, појасни портпаролот Стефан Димоски.

Со тоа, додаде, пријавениот, ја искористил својата службена положба, постапил спротивно на одредбите од законите за спречување на корупцијата и судир на интереси, за локална самоуправа и за јавни набавки, ги прекршил одредбите од Законот за парнична постапка и Правилникот за систематизацијата на работните места, со што, на повластените адвокати им овозможил, на штета на буџетот на општина Кичево, да се стекнат со противзаконска имотна корист од 3.938.420,00 милиони денари или околу 64.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ