Кривичните дела ги сториле на 19 април годинава на фудбалски натпревар во Струга при што, со влечење, оттурнување и со физички напад, ги спречувале полициските службеници да преземаат службени дејствија по нарушен јавен ред и мир со тепачка.
„ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А., од Германија, А.Д. од Сенегал, Ш.Т. од Турција и македонскиот државјанин Е.Д. од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела спречување на службено лице во вршење на службено дејствие и напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Тројца фудбалери од фудбалскиот клуб Гостивар и едно лице од стручниот штаб на клубот во април годинава беа приведени од струшката полиција поради напад на полициски службеници по завршувањето на натпреварот со Струга.