недела, 14 декември 2025

Кривични пријави за две лица кои исплатиле пари за неизвршени услуги

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.П. (68) од Битола поради сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против М.Д. (60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Објавено на

часот

Сподели

Првопријавената, како директор на Јавна здравствена установа-Специјализирана болница Отешево, во текот на 2022 и 2023 година склучила три договори на дело со лице од Ресен, од кои, потпишала само два, додека третиот е потпишан од трето лице, за негово работно ангажирање за изведување на градежни активности, но лицето воопшто не било присутно и ангажирано во установата.

Првопријавената, користејќи го задолжениот токен, во текот на наведениот период ги одобрила и потпишала налозите за исплата од жиро сметката на установата, за сума во вкупен износ од 145.904 денари, за кој износ му нанела штета на Министерството за здравство. Второпријавената, како правник и советник за човечки ресурси, ги изготвила конкретните три договори на дело, без согласност од лицето, ги искористила неговите лични податоци и број на трансакциска сметка од банка, со што преку исплата на финансиски средства, по основа на фиктивно извршени услуги, на установата и нанела штета во износ од 145.904 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ