Според информацијата, ОВР Струга поднела кривична пријава против А.А. и Б.Д., двајцата од селото Корошишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.
„Во текот на минатата година, тие се затекнати на археолошкиот локалитет „Врбник“ во Струга, кој преставува евидентирано недвижно добро во Охридското Езеро, како со метални српови вршат сеча, односно ја одстрануваат природната трска“, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Археолошкиот локалитет „Врбник“, во текот на 2022 година, е прогласен за заштитено подрачје во категорија III Споменик на природата.






