понеделник, 19 мај 2025

Кривична пријава за двајца струмичани, незаконски склучиле договор за закуп на градските гробишта во Струмица

СВР Струмица до ОЈО Струмица вчера поднесе кривична пријава против З.Г., поранешен директор на јавно комунално претпријатие од поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и против Е.Н., управител на фирма од Струмица за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување“, а во врска со кривичното дело соизвршителство.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението на МВР, првопријавениот З.Г., извршувајќи ја функцијата директор на јавно комунално претпријатие од Струмица во текот на 2022 година, злоупотребувајќи и искористувајќи ја својата службена положба склучил договор за период од 10 години за закуп на деловен простор лоциран во Градската капела на Градските гробишта во Струмица со пријавената Е.Н. како управител на правното лице од Струмица, со закупнина од 14.200 денари со ДДВ месечно или вкупно 1.170.400 денари за една година.

„Во 2023 година пријавените З.Г. и Е.Н.  со умисла извршиле и второ временски поврзано дејствие, односно потпишале уште еден ист договор за закуп за период од 10 години и покрај тоа што претходниот договор од 2022 година бил во важност, за кое нешто од страна на Е.Н. како управител веднаш е извршена уплата за закупнина во вкупен износ од 1.704.000 денари“, се  наведува во соопштението.

Според полицијата, утврдено е дека З.Г. во текот на 2022 година и 2023 година и овозможил на Е.Н. како управител на правното лице од Струмица да врши дејност во објект кој согласно Законот за гробишта и погребални услуги не смеел да се издава на трети лица и со тоа овозможил јавното комунално претпријатие противправно да се стекне со 1.874.400 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ