На 13.08.2025, при извршена контрола во правниот субјект, бил затекнат државјанин на Непал кој извршувал работни активности без регулиран привремен престој за странец по основ на ,,вработување“, соодветна работна дозвола и со истечена виза. Пријавените, иако знаеле дека странецот е со нерегулиран престој му помогнале и прифатиле во континуитет да извршува работни задачи.
Кривична пријава за двајца скопјани за незаконско ангажирање Непалец
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје поднесе кривична пријава против С.Т.(59) од Скопје (сопственик на правно лице), правен субјект од Скопје и Л.Т.(21) од Скопје (одговорно лице во правниот субјект) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на странец при незаконит престој“.

Објавено на
часот





