понеделник, 2 февруари 2026

Кривична пријава за двајца измамници со онлајн-кредити

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.П.(35) од Струга и К.Т.(47) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци”.

Објавено на

часот

Сподели

Пријавените, довеле во заблуда едно лице од Општина Карбинци и со лажно прикажување на факти, обезбедиле нејзини лични податоци и број на банкарска сметка, при што на 25 јуни 2025 аплицирале за онлајн-кредит во финансиско друштво, а потоа под изговор дека по грешка се парите на нејзината сметка ѝ побарале да ги повлече паричните средства и да ги предаде на второпријавената.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ