вторник, 31 март 2026

Кривична пријава за двајца измамници со лажни сообраќајки – велешанка измамена за 5.000 евра и уште десет обиди

Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена кривична пријава против двајца измамници, кои измамиле велешанка за сума од околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште десет други повозрасни лица, контактирајќи ги дека нивни блиски наводно се повредени во сообраќајни несреќи и треба итно да се оперираат.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против К.Н. (29) од Велес и Г.М. (54) со престој во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои десет кривични дела „измама во обид“ и едно кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

„Во изминатиот период лице од странство телефонски контактирало повозрасни лица, лажно им се претставувало и ги доведувало во заблуда дека блиски членови на нивните семејства биле повредени во несреќи и треба да им се изврши операција,  обидувајќи се да ги измами за поголеми суми на парични средства, додека пријавените К.Н. и Г.М. имале задача да ги земат парите, по што Г.М. ги предавал на лице во Софија, Република Бугарија. На тој начин успеале да измамат 81-годишна жена од Неготино за сума од 314.600 денари“, информира МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ