Во текот на 2024 година, со намера да пререгистрираат и присвојат ловечко друштво од Вевчани, пријавените започнале да собираат потписи и изготвиле лажни изјави од лица од околните села, набавиле фалсификувана исправа и печат на непостojно здружение и фалсификувале потписи на негови членови. Истите документи, без да бидат заведени на нотар, ги приложиле во Централен регистар во Тетово, каде без да се изврши преглед на доставената документација и спротивно на закон, било издадено решение за промена на статутот, по што го пререгистрирале ловечкото друштво. Потоа, пријавените започнале да управуваат и да издаваат дозволи за лов без печат и потпис.
Кривична пријава за двајца измамници што присвоиле ловечко друштво
ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.А.(52) од струшкото село Лабуништа и против А.Џ.(35) од селото Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“.

Објавено на
часот