четврток, 22 јануари 2026

Кривична пријава за двајца дебрани поради загрозување на сигурноста и бесправно градење

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против дебранец, поради загрозување на сигурноста.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Кривична пријава е поднесена против В.Ф. од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста. Тој, во текот на декември 2025 година, на службена електронска адреса на еден правен субјект, упатил закани кон вработените“, информираше портпаролoт на Секторот за внатрешни работи – Охрид, Стефан Димоски.

Исто така ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ј.З. од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело бесправно градење.

Тој, на катарстарска парцела во Дебар во државна сопственост, спротивно на Законот за градба, неовластено изградил деловен објект. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ