Во март 2025 во гостиварска населба, првопријавениот, во својство на сопственик на објект во изградба, изградил 22 бетонски столбови, без да поседува соодветна дозвола издадена од надлежен орган. Додека, второпријавениот, овластен градежен инспектор при општина Гостивар, по доставена пријава од МВР поради сомнение за сторено кривично дело, не излегол на терен и не извршил увид на градбата.
Кривична пријава за дивоградба и за инспекторот кој не реагирал
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.С. (35) од сeло Речане, Гостиварско, поради сомневање за сторено кривично дело „бесправно градење“ и против В.Р. (42) од Гостивар поради сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Објавено на
часот





