вторник, 8 јули 2025

Кривична пријава за директорот на Националниот парк Маврово за нелегална сеча на дрва

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Харис Ибраими (40) од Oпштина Маврово и Ростуше, директор во ЈУ „Национален парк Маврово“, Гоце Анастасоски (44) од село Никифорово, раководител на Одделение за одржливо користење во ЈУ „Национален парк Маврово“ и Антониот Божиновски (54) од Гостивар, вработен во Министерството за шумарство и земјоделство. Тие се товарат за сторени две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ на штета на ЈУ „Национален парк Маврово“.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на март и април, директорот на НП „Маврово“ ги пречекорил  своите службени овластувања, така што со третопријавениот усно договорил вршење нелегална сеча на техничко дрво-ела во ЈУ „Национален парк Маврово“ на место викано „Брана“. За вонреден инспекциски надзор за наведената сеча бил задолжен второпријавениот. Харис Ибраими најпрво испратил барање до Државен инспекторат за шумарство и ловство, упатено до третопријавениот во кое побарал да биде извршена сеча на наведената локација за наводно оштетени стебла на ела од атмосферски влијанија.
Првопријавениот со повреда на законските прописи и со пропуштање на должен надзор врз второпријавениот овозможил да се изврши пустошење на заштитена шума во Националниот парк Маврово, без претходно да се објави оглас за сечата за да истата биде јавна и транспарентна.
Од страна на третопријавениот е наведено да се изврши ознака и сеча, а според извршеното мерење вкупната дрвна маса од сите три оддели требало да изнесува 403 м3 дрво-ела и 55 м3 дрво- бука, што не соодветствува со реалната и фактичката состојба подоцна утврдена на лице место.
Второпријавениот со повреда на законските прописи овозможил да се врши пустошење на заштитена шума во Национален парк Маврово и согласно спецификација од шумската полиција Гостивар, сечата е извршена само во одделот 67а, каде биле исечени вкупно 858,75 м3 повеќе кубатура од предвиденото. Третопријавениот на 10 март изготвил записник за извршен инспекциски надзор и решение во кои внел лажни и невистинити податоци. На овој начин пријавените, се стекнале со противправна имотна корист од извршената нелегална сеча, се до продажба на дрвната маса на претходно договорени купувачи, на штета на ЈУ „Национален парк Маврово“ во износ од 3.005.625 денари“, соопшти МВР.
Харис Ибраими беше назначен за в.д. директор на НП Маврово во почетокот на годинава.
Досега, освен строго контролирана сеча на оштетени дрва, над браната на Мавровското Езеро никогаш не се издавала дозвола за сеча за градба.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ