понеделник, 8 декември 2025

Кривична пријава за директорка од Битола која самата се „унапредила“

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „несовесно работење во службата“.

Објавено на

часот

Сподели

Пријавената, во својство на директор на Национална установа „Завод и музеј“ Битола, спротивно на одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи, несовесно постапила во вршењето на своите овластувања и должности на тој начин што извршила промена на aктот за систематизација на работните места, со што го укинала нејзиното работно место виш кустос и за себе отворила ново работно место кустос-советник, кое што е едно ниво повисоко од претходното.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ