вторник, 23 декември 2025

Кривична пријава за директор на кошаркарски клуб во Куманово – доделил бонуси за себе и уште две лица

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. во својство на извршен член на oдбор на директори на Друштво за спортски дејности, Кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 4 и 5 в.в со ст. 1 од КЗ на Република Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Пријавениот В.Б., во својство на овластено лице во Друштво за спортски дејности Кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово, ги пречекорил границите на своите службени овластувања доделени од друштвото, постапувајќи спротивно на член 14-д од Законот за спорт, како и спротивно на договорите за донација на финансиски средства склучени помеѓу Стопанска банка АД Скопје и Цементарница УСЈЕ АД Скопје, како даватели на донација и Друштвото за спортски дејности Кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово, како примател на донацијата.

Имено, пријавениот, самоволно, свесно и со однапред утврдена намера, донел одлука која сам ја потпишал без да свика седница на Одборот на директори на друштвото, согласно која дал налог за исплата на парични средства од клубот кон себе и уште две лица, по основ награда – бонус.

Исплатените парични средства потекнувале од донации – спонзорства обезбедени од Стопанска банка АД Скопје и Цементарница УСЈЕ АД Скопје, односно од парични средства доделени во вид на ваучери од Агенцијата за млади и спорт, кои по ниту еден законски основ не смееле да бидат исплатени на наведениот начин.

Со ваквото постапување, пријавениот Виктор Божиновски, со намера за себе и за други лица да прибави противправна имотна корист, нанел имотна штета на Друштвото за спортски дејности Кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово во вкупен износ од 4.896.000 денари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ