четврток, 22 јануари 2026

Кривична пријава за дилер од Скопје, продавал дрога во населба Идризово

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, со цел стекнување на противправна имотна корист пријавениот заради понатамошна продажба набавил и во неговиот дом чувал наркотична дрога која со патничко моторно возило неовластено ја разнесувал и продавал на лица на подрачјето на Скопје.

Во населба Идризово, Скопје, завчера во 21.30 часот од страна на полициски службеници од ОСОСК извршен е преглед на патничко моторно возило „рено флуенс” со скопски регистерски таблички, управувано од К.К. при што е пронајдена дрога.

Истиот ден по Наредба на Судија на претходна постапка од Основен Кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и други простории кај К.К. , каде исто така е пронајдена дрога и предмети поврзани со кривичното дело. При претресите пронајден е кокаин, амфетамин МДМА, ринкофилин, митрагинин.

Лицето е лишено од слобода и преддадено на Обвинителството, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ