„Кривична пријава е поднесена против С.Т. од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје, муниција или распрскувачки материи“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.
Додава дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Дебар пронашле и одзеле пиштол „Пиетро Берета“ со калибар 7,65 милиметри и 66 куршуми, кои нелегално ги поседувал.
Полициските службеници претрес во неговиот дом, по судска наредба, извршија на 30 април, кога беше лишен од слобода.