петок, 2 јануари 2026

Кривична пријава за четворица измамници што продавале куќа што не била во нивна сопственост

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(54) од Тетово, М.Ф.(29) од с.Долно Количани, општина Студеничани, И.А.(54) од с.Шемшево, општина Јегуновце и З.З.(48) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Објавено на

часот

Сподели

Прво и второпријавениот со лажно прикажување на факти во декември 2024 година измамиле жена на тој начин што ѝ ветиле дека ќе ѝ посредуваат да купи куќа во Тетово, сопственост на нивни роднини за сума од 135.000 евра. Таа во два наврати им платила 8.600 евра, а во март 2025 година откако увидела дека куќата е во сопственост на друго лице и се обидела случајот да го пријави во полиција, но била одвратена во намерата од третопријавениот. По ова, третопријавениот за целиот настан го запознал четвртопријавениот и по извесен период тие  ѝ вратиле 5.100 евра, а останатите ги задржале за себе и ја блокирале на социјалните мрежи, оневозможувајќи ѝ да стапи во контакт со нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ