недела, 7 декември 2025

Кривична пријава за четворица дебрани за предизвикување општа опасност

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против чертворица дебрани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Пријава е поднесена протв В.П. од Дебар, со престој во САД, Ф.П., Р.П. и А.П., сите од Дебар, кои на 1 август годинава, на семејна веселба, во куќа покрај Дебарско Езеро, неовластено пукале со огнено оружје и предизвикале значителна опасност по животот на присутните гости.

„По мерки преземени во координација и наредба со јавен обвинител, пронајден и лишен од слобода беше Ф.П. кому му беше одземен пиштол „Магнум“. При претрес извршен по судска наредба, во куќата каде била семејната веселба, сопственост на Б.П. и пријавената А.П. пронајдени и одземени беа пиштол стејер“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Исто така од пријавената А.П. одземен е пиштол глок со 34 куршуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ