среда, 14 мај 2025

Кривична пријава за албански државјанин за полов напад

Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривична пријава против албански државјанин поради кривично дело полов напад.

Објавено на

часот

Сподели

„Кривична пријава е поднесена против М.Ф. од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад. На 6 мај годинава во Дебар, пријавениот физички нападнал 52 – годишна албанска државјанка и се обидел да изврши обљуба врз неа“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него, полициски службеници од ОВР Дебар веднаш го пронашле и го уапсиле, по што судија на претходна постапка при Основниот суд во Дебар му одреди мерка притвор од осум дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ