Против три лица од Кочани, со иницијали С.А., С.А. и Н.А., на возраст од 34, 23 и 24 години, била поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Кај пријавените лица пронајдени биле 14,9 грама наркотична дрога – хероин.
„Од страна на Основен суд – Кочани е определена мерка притвор во траење од 30 дена. С.А и С.А. се спроведени во Затвор – Куманово, додека Н.А. сѐ уште не е достапен за органите на прогонот и за истиот ќе биде распишана централна потерница“, се појаснува во соопштението на МВР.
Дополнително, најавена е и кривична пријава за одземање моторно возило против 34-годишниот С.А., бидејќи на 22 март, украл возило БМВ 318 со кочански регистарски таблички.
„По оперативно-тактички мерки, од страна на полициски службеници од СВР – Штип, предметното возило е пронајдено на 4 април, по што е вратено на сопственикот“, потенцираат од МВР.