недела, 14 декември 2025

Кривична пријава против управител на фирма за одгледување канабис

СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против Д.К. (30) од Скопје, управител на правно лице и против правното лице од Скопје поради сомневање за сторено кривично дело по член 95-в став2 од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Објавено на

часот

Сподели

Според МВР, Д.К. не се придржувал до решението на Министерството за здравство од 27 мај 2024 година за производство на канабис за медицински цели. При контрола на полицијата и на членови на Комисијата за оценување на исполнетоста на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис, биле одземени 1.260 грама марихуана, како и исушено искршено стебло и поголем број на исушени и скршени гранчиња од растението канабис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ