сабота, 21 февруари 2026

Кривична пријава против три лица за разбојништво во обид

Инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода поднесоа кривична пријава против И.Ш. (20), Х.С. (20) и А.Г. (19), сите државјани на Република Судан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво во обид, согласно член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Случајот беше пријавен на 19.02.2026 година и се случил на трим-патеката на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје. Оштетениот М.Т. (27) од Скопје додека се движел со своето куче, бил пресретнат од три лица кои побарале пари од него. Откако одговорил дека нема, сторителите го пребарале по џебовите и физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди, по што се оддалечиле во непознат правец.

По преземени мерки и активности, сторителите биле идентификувани и лишени од слобода. Денес во просториите на Прифатен центар за странци, во присуство на јавен обвинител, оштетениот целосно ги препознал пријавените лица како сторители на кривичното дело.

Истиот ден, пријавените биле спроведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, кој им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ