вторник, 17 март 2026

Кривична пријава против тетовец, пронајдени пиштол, куршуми и марихуана

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

На 21 октомври 2025 во близина на место викано „Шипковичко теќе“, полициски службеници извршиле преглед на паркирано патничко возило фолксваген голф, паркирано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

„При претрес во домот и помошните простории на пријавениот биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм и рамки со куршуми, кое ги поседувал таткото на пријавениот, без соодветна дозвола. На пријавениот му е изречена мерка притвор од 30 дена“, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ