среда, 31 декември 2025

Кривична пријава против поранешен директор на земјоделска задруга во Камењане

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.И. (73) од селото Камењане, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела фалсификување или уништување деловни книги и злоупотреба на службена положба и овластување.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, во периодот од 2000 до 2 јануари 2021 година, пријавениот, во својство на директор на земјоделска задруга во село Камењане, без законска основа и без одлука на членовите, извршил незаконско бришење на основачи – акционери. На тој начин, бројот на членови од 38 бил незаконски намален на пет лица, со уништување и прикривање на документација, спротивно на податоците евидентирани во тековната состојба на Централниот регистар.

Дополнително, на 3 јануари 2010 година, пријавениот склучил договор за закуп на деловен простор со површина од 1.500 метри квадратни во село Камењане, кој ѝ бил доделен на земјоделската задруга на трајно користење. Договорот бил склучен со друг акционер за период од 10 години, без согласност од надлежно министерство, без одлука на Управниот одбор и без согласност од останатите задругари.

Од 2021 година, просторот го користел врз основа на усмен договор, без да плаќа закупнина, односно ги подмирувал само сметководителските давачки на земјоделската задруга, во која и натаму се јавува како сопственик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ