понеделник, 23 февруари 2026

Кривична пријава против поранешен директор на кумановската болница, незаконски склучувал договори на дело

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против поранешен директор на Здравствен дом Куманово, поради сомневање за „злоупотреба на службената положба“, соопшти денеска МВР. Како што наведува полицијата, во период од четири години, без одобрение од ресорното министерството склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во здравствената установа.

Објавено на

часот

Сподели

Според МВР од 2020 до 2024-та година ангажирал 68 лица со договор на дело и им исплаќал плати во вредност од 353.573 евра.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информираше полицијата.

Пријавениот, во периодот од 2020 до 2024 година, откако бил поставен како вршител на должност директор, а потоа именуван за директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом Куманово, склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата, без претходно да добие одобрение од Министерството за здравство и без да обезбеди согласност за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии. На тој начин тој постапил спротивно од одредбите од Законот за работни односи и Законот за трансформација во редовен работен однос.

„Притоа, во истиот временски период ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил плати во вкупен износ од 21.744.788 денари или 353.573 евра на штета на буџетот на Здравствен дом Куманово“, соопшти МВР.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ