среда, 14 мај 2025

Кривична пријава против полицаец за кражба на струја

Полицијата до Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против С.Ш., вработен во полициското одделение Матејче поради постоење сомневање дека сторил кривично дело ,,кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

 

Објавено на

часот

Сподели

Од 1 март 2024 година до 9 јануари 2025 година без согласност од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје-КЕЦ Куманово во електричното броило кое се води на А.М. од село Липково, извршил премостување на трите фази со кабли пред електричното броило директно во електричните проводници кои водат кон угостителски објект, без притоа електричната енергија да биде регистрирана од страна на електричното броило и неовластено ја користел за своите потреби. Причинетата штета е 398.847 денари. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и  професионални стандарди против полицискиот службеник С.Ш. поднесе  предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителни мерки да му се одземе службеното оружје и муниција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ