Пријавениот, во својство на директор на Јавното претпријатие (ЈП) „Комуналец“ – Струмица, во текот на 2022 и 2023 година во повеќе наврати ги пречекорил границите на своите службени овластувања и постапил спротивно на Законот за работни односи, соопшти МВР.
„Тој, повикувајќи се на Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците донесувал одлуки за исплата на паричен надомест, односно одлуки за обештетување за неискористени денови од годишни одмори за него и за неколку други лица, вработени во јавното претпријатие. Притоа, во 2022 година по тој основ за него и за 24 други лица од јавното претпријатие биле исплатени вкупно 593.259 денари, додека пак во 2023 година за него и за 21 друго вработено лице по тој основ од јавното претпријатие биле исплатени вкупно 502.179 денари.
Со таквите дејствија пријавениот го оштетил буџетот на јавното претпријатие за вкупен нето износ од 1.095.438 денари“, се наведува во соопштението на МВР.






