четврток, 15 мај 2025

Кривична пријава против две лица за издавање пасош на косовски државјанин

М.А. (43) од Куманово и М.И. (41) од Липково добија кривична пријава за сомневање дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

М.А. – вработена на работно место помлад референт за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, на 30 август 2017 примила барање за издавање на патна исправа поднесено од Х.Ј. (50) од Косово, по што во системот, во задолжителниот дел за пополнување од приложена важечка лична карта или друг важечки јавен документ во графата ја внела само таксата, без ниту еден личен податок. Потоа, извршила фотографирање за издавање на патна исправа на лицето Х.Ј. (50) од Косово без приложен важечки личен документ за идентификација со внесување и искористување на податоци на идентитет од друго лице и на тој начин му овозможила да се стекне со лажен идентитет и македонска патна исправа.

Второпријавената М.И., вработена на работно место помлад советник за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, пропуштила да изврши должен надзор и на тој начин извршила повреда на законските прописи за издавање на патна исправа. На 30 август 2017, таа го одобрила барањето за изготвување на патна исправа за лицето Х.Ј. со внесени податоци од идентитет на друго лице.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ