понеделник, 2 март 2026

Кривична пријава против две лица од Прилеп за недозволена трговија со дрога

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.З. (35) и Д.Ј. (35), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Објавено на

часот

Сподели

Лани во март во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило опел, управувано од првопријавениот, при што во возилото биле пронајдени и одземени марихуана и мешавина од амфетамин и метамфетамин. Подоцна, пред неговиот дом, тој доброволно им предал на полициските службеници марихуана.

Неколку дена подоцна полициски службеници извршиле преглед на второпријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ