Двајца полициски службеници од Велес побарале поткуп од едно лице за да не го казнат поради сообраќаен прекршок. На 16 јуни за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од едно лице во износ од 3.000 денари. Против полициските службеници ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност. Тие ќе бидат суспендирани од работните места до завршување на дисциплинската постапка, соопшти МВР.
Кривична пријава против двајца полицајци поради примање поткуп

ТОП ВЕСТИ





