Полицијата поднесе кривична пријава против И.Д. (19) и Н.А. (21), двајцата од Грција, поради сомневање за сторено кривично дело недозволено преминување државна граница.
На 19 јули на граничниот премин Богородица, пријавените со патничко возило префрлиле државјанин на Грција, прикривајќи го во багажниот простор од возилото, со цел да ја избегне граничната контрола, информираа од полицијата.






