Според пријавата, на 26 јули 2025 година, во Ресен, полициски службеници сопреле патничко возило фиат без регистарски ознаки, управувано од Б.Р., кој одбил да се легитимира, го стартувал возилото и повредил еден полициски службеник.
По неговото пронаоѓање, Б.Р. заедно со У.Р. физички и со тврди предмети нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Случајот е целосно документиран, а против нив е поднесена соодветна кривична пријава.






