недела, 7 декември 2025

Кривична пријава против двајца осомничени, во обложувалница незаконски наплатувале во евра

СВР Тетово поднесе кривична пријава против фирма од Теарце и 50 годишниот скопјанец Г.Т., сопственик и управител на фирмата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело повреда на право од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола, како и против 38 годишниот тетовчец К.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволена исплата или наплата во ефективни странски пари.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, на 16 февруари годинава, извршена е контрола во фирмата во Теарце и констатирано е дека пријавените не поседувале соодветни лиценци за оперативниот систем, кој ги користеле на нивните службени компјутери, односно не поседуваат холограмска налепница и нивната дејност на обложување ја вршат без поседување на лиценца издадена за користење на софтверот на оперативниот систем. Третопријавениот, вработен во спортската обложувалница, во касата чувал банкноти во евра, односно странска валута која претходно ја набавил преку наплата, спротивно на законските одредби од Законот за девизно работење, а правниот субјект не поседувал лиценца издадена од Народна банка за работа со девизи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ