На 11 ноември 2025 година, 72-годишна жителка на с. Буково била телефонски измамена од лице кое се претставило како полициски инспектор и лажно ја информирало дека нејзините ќерка и зет предизвикале сообраќајна незгода. Под закана и лажно уверување, оштетената оставила 40.000 денари и 1.500 американски долари на договорена локација во Битола.
Откако утврдила дека настанот не е вистинит, случајот бил пријавен во полиција.
На 24 јануари 2026 година, осомничениот бил лишен од слобода на граничниот премин Ќафасан и во целост го признал делото.






